Книгата „Година без л
ето“ од Виолета Танчева-Златева е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра стихозбирка на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата за 2015 година.
Претседателот на жири-комисијата, професорот Зоран Анчевски на денешната прес-конференција, во образложението рече дка авторката недвосмислено покажува дека е поет во вистинска смисла на зборот. Во исто време, додаде, не претендира нејзината поезија да се одликува со длабока симболика или пак со изнасилен излив кој не дозволува нејзината поезbrakja-ziri-IMG_8979ија да биде само неконтролиран излив на емоции.

–          Во книгата Танчева – Златева остварува еден завидно зрел стилски баланс на поетскиот израз што внимателно се држи до традиционалното пеење, но без зазор од иновацијата и експериментот во ритмиката и музиката на песната. Иако општиот впечаток е дека книгата зрачи со ненаметлив и тивок лиризам, тој е само привидно таков, бидејќи Танчева-Златева многу умешно и дозирано користи необични и свежи трополошки решенија со чија помош постигнува ненадејни, очудени пресврти и необични завршници на своите поетски творби. Токму затоа поетскиот јазик на Танчева-Златева се искрева на едно завидно високо рамниште, што во моментов ја прави еден од најинтересните и најзрелите поетски гласови во современите текови на нашата поетска традиција, рече Анчевски.
Во „Година без лето“, додаде тој,
се поместени повеќе песни кои поттикнуваат неколкукратни читателски навраќања и промислувања за поетските слики, визии и промисли. Се надеваме дека таквата рецепција ќе ја доживеат не само кај македонскиот читател, туку и секаде каде што ќе се најде препевот што оваа поетска книга ќе го доживее, рече претседателот на жири-комисијата Анчевски.

Наградата „Браќа Миладиновци“, според директорот на Струшките вечери на поезијата“ Мите Стефоск,  значи одлик на она што било продукција меѓу двете фестивалски изданија.

–          Прв пат годинава на конкурсот пристигнаа 50 книги, што го кажува итересот за поезијата во македонската книжевна средина, рече Стефоски.

На конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ пристигнаа 50 поетски книги, а во потесен круг влегоа „Киноутро“ од Јовица Ивановски, „Слики“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска, „Се случува вечност“ од Радован Павловски, „Година без лето“ од Виолета Танчева-Златева и „Премостување на мигот“ од Тодор Чаловски.