Во моментов работам на ново дело, Вирџин Симчунг, во мојот дом во Кореја, кој се наоѓа крај падините на една планина. Но, сепак, за чудо, понекогаш ме обзема чувството дека се наоѓам во бродска кабина на море, наместо во мојата работна соба. Тоа е веројатно некаква промена предизвикана од некои спомени од времето кога престојував на островот Џеџу.
Тие денови јас бев директор и професор во едно малечко бесплатно основно училиште за деца од сиромашни фамилии. За викенди и празници не пропуштав да посетам едно место под карпите, крај морето, каде се посветував на слушање на звукот на брановите. Години подоцна, сфатив дека ритамот на звукот на брановите што удираат навлегол во ритамот на моите поеми.
Во попладнињата на таквите денови, се искачував на едно место близу еден светилник на карпите. Светилникот, со сноп светло толку силен што фрлаше светлина дури 74км кон темнината на отвореното море, ми претставуваше извор на бескрајна фасцинација.
Светилници постоеле на земјата уште пред многу векови. Светлината во тие времиња доаѓала од пламенот создаден со горење смола. Во античка Кореја сигнални огнови запалени на планинските врвови крај морскиот брег ги воделе бродовите. Светилниците најчесто се градат на ридовите крај морето или на влезот на пристаништата, бидејќи светилникот мора да биде поставен на место лесно видливо за бродовите, а исто толку важно е светилникот да биде заштитен од бури и разбеснети бранови.
Многу бев изненаден кога ги примив неочекуваните вести и длабоко сум почестен што сум избран за добитник на „Златниот Венец“ во Република Македонија, земја далеку од Кореја, во западниот дел на Евроазија. Оваа награда ќе ме охрабри да напредувам уште повеќе во мојот живот како поет.
Постоеше едно златно доба на поезијата, кога луѓето за првпат почнаа да поставуваат светилници кои гледаа кон полунебјето на океаните од овој свет и ги испраќаа своите зраци-водилки. Оттогаш, светилникот е синоним за поезија. Јас сум убеден дека поезијата ќе продолжи да ја извршува улогата на светилник во иднината на човековата историја.
Ви благодарам.
15.02.2014
Ко Ун
스투루가 황금화관상의 수상을 받으며
지금 나는 산기슭의 서재에서 장시 『처녀』를 쓰고 있습니다. 그런데 이 서재가 가끔 엉뚱하게도 바다 위에 떠 있는 배의 선실(船室)로 여겨집니다. 아마도 1960년대의 내가 한국의 남단 제주도에 체류했을 때의 기억이 불러온 도착(倒錯)일지 모릅니다.
그 제주도 시절 나는 내가 세운 빈민층 아이들의 무료수업을 진행하는 사설(私設) 중학교 교장 및 교사로 일했습니다. 나는 주말이나 휴일의 오전은 반드시 바닷가 절벽 밑으로 가서 파도소리에 잠겨있었습니다. 그 파도치기의 율동이 내 시의 율동으로 이입(移入)된 사실은 뒷날에 알게 되었습니다.
그런 날의 오후에는 절벽 위의 등대 언저리에 올라가 있었습니다. 한밤중의 어둠 속에서 74킬로미터의 난바다에까지 비추는 광력(光力)의 등대야 말로 단념할 수 없는 매혹이었습니다.
지구상의 등대는 기원전 몇백년 무렵부터 있어왔습니다. 송진으로 불을 밝혔습니다. 한국의 고대에는 바닷가 꼭대기에서 봉화를 밝혀 뱃길을 인도(引導)했습니다. 등대는 바닷가 언덕이나 항만의 입구에 설치하는데, 그것은 등대가 배에서 잘 보이는 곳에 있어야 할 뿐만이 아니라 폭풍이나 성난 파도를 견디는 방어능력이 기본적으로 중요하기 때문입니다.
나는 뜻밖의 놀라운 소식을 받았습니다. 유라시아 서쪽의 마케도니아에서 스투루가 황금화관상의 수상자로 선정된 영광이 그것입니다. 이것은 내 시인생활의 항로를 격려해줄 것입니다.
확신컨대 이 세상의 바다 수평선을 온몸으로 내다보고 있는 등대를 세워 그 불빛을 비추기 시작한 시대야말로 시의 황금시대였을 것입니다. 그 이래 시와 등대는 동의어였습니다. 나는 인류사 미래에서 시가 오랫동안의 역할을 이어가는 등대일 것을 확신합니다.
감사합니다.
2014. 02. 15 고 은