Почина академик Милан Ѓурчинов, професор, критичар, книжевен историчар, есеист, антологичар и еден од основачите на Струшките вечери на поезијата. Академик Милан Ѓурчинов беше претседател на Советот на СВП во 1964 и 1965 година, во периодот кога тие го собиваат уникатниот интернационален формат, станувајќи престижна меѓународна манифестација каде се презентираат современите светски поетски текови, но и современата критичка мисла поврзана за поетското творешто во рамките на симпозиумот, чиј организатор, модератор и учесник бил многупати. Бесценет е неговиот придонес проучувањето, и во развојот на македонската книжевносто, особено е значаен неговиот придонес во развојот на критичката мисла, во книжевната историја, но и во афирмацијата и промоцијата на македонската поезија во светот. Македонската книжевност загуби еден од најзначајните проследувачи.

Акад. Милан Ѓурчинов е роден на 28 јули 1928 година во Белград. Во 1951 година дипломирал на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград, група за славистика. Во 1959 година
соработувал со проф. Антон Оцвирк на Катедрата за компаративна книжевност на Универзитетот во Љубљана. Специјализирал на Универзитетот „Ломоносов” во Москва и во 1960 година на Универзитетот „Кирил и Методиј” во Скопје ja одбранил докторската дисертација: „Преломни години во животот и во книжевната работа на A. П. Чехов”.Во учебната 1960/61 година престојувал на Катедрата за компаративна книжевност на Универзитетот Сорбона во Париз, каде што заедно со професор Шарл Дедајан работел врз студијата „А. П. Чехов во Франција”.

Акад. Милан Ѓурчинов бил професор на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и
Методија” во Скопје од 1953 година, a од 1971 година е редовен професор по предметот Нова руска литература. Бил шеф на Катедрата за славистика, a во 1980 година ja основал Катедрата за компаративна книжевност и бил нејзин раководител. Потоа, бил член на редакцијата на списанието „Разгледи” и претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата.

Акад. Ѓурчинов активно учествува на меѓународни и домашни конгреси, симпозиуми и други собири, како и на сите семинари за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Член е на повеќе општествени и културни асоцијации и редкациски одбори. Акад. Милан Гурчинов развива богата и разновидна општествена и културна дејност и спаѓа во онаа група македонски интелектуалци што може да ce нарече репрезентативна кога станува збор за културната афирмација на Македонија. Тој е изразито предуктивен автор. Сите негови трудови можат да ce групираат во четири области: 1) книжевно-историски студии, 2) критики, 3) антологии, 4) книжевно-теоретски работи. Книжевно-историските работи ce однесуваат пред cé на руската книжевност, a централно место заземаат студиите за Чехов, Достоевски и Пастернак. Но, ред други осврти и есеи за одделни руски писатели сведочат за живиот постојан интерес на авторот за руската литература во минатото и денеска и за нејзиното вклучување во македонскиот културен хоризонт.

Сепак акад. Гурчинов е, пред cé, критичар. Во таа област пројавува жива и плодна активност, преставувајќи ги тековите на македонската литература и придонесот на одделните автори во неа. Тесно сврзана со критичарската дејност е и неговата дејност како антологичар, со што има даден голем придонес за афирмацијата на македонската литература, бидејќи неговите  антологиски избори ce издадени на повеќе светски јазици во странство. Од книжевно-историската и критичарската дејност произлегува и интересот на авторот за литературната теорија, на која ce посветени повеќе негови трудови.

Акад. Гурчинов е најсуптилен македонски литературен критичар, кој со својата широка образованост и култивираност, со своите плуралистички погледи кон творечките појави и со критериум од највисок домен, внесе нов дух во толкувањето на литературното творештво во нашата средина, приближувајќи ja критичката дејност кон европските стандарди.

Член е на повеќе меѓународни тела и асоцијации: на Президиумот на Меѓународниот славистички комитет, на Извршниот совет на Европското друштво за култура (Венеција) и др. Од 2002 година е член на Медитеранската Академија во Неапол, Италија. Акад. Гурчинов е член на Македонскиот ПЕН-центар и на Друштвото на писателите на Македонија од 1956 година, a во еден мандат бил и негов претседател.

За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 7 октомври 1988, a за редовен член е избран на 21 април 1994 година.