Harryman

Добитник на наградата „Мостови на Струга“ за 2014 година е Хари Ман од Велика Британија. Неговата книга „Лифт“ беше наградена со оваа меѓународна награда на Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО за најдобрата дебитантска книга.

Хaри Мaн е  роден во 1982 година во Бакингхемшир. Работи како уредник, програмер и дигитален издавач. Неговиот глас е позајмен од Харпер Аудио за многу детски книги. Во 2012 година тој ја освојува третата награда на Меѓународниот поетски фестивал во Кардиф и втора место на наградата „Измислени зборови“ на Интернационалниот ПЕН центар.

Негови дела досега се објавувани во неколку позначајни весници, а неговата дебитантска збирка поезија „Лифт“ за која и ја добива престижната награда на Струшки вечери на поезијата „Мостови на Струга“ е во издание на издавачката куќа Tall Lighthouse.

Досегашни добитници на оваа награда се Ангело В. Суарез (Филипини), Андреа Коте (Колумбија), Маријана Гејде (Русија), Мануа Рима (Белгија), Антонија Новаковиќ (Хрватска), Усман Сар Сарус (Сенегал), Сим Кера (Естонија), Хироши Таниучи (Јапонија),  Франсоа Ксавие Мегр (Франција) и Николина Андова (Македонија)