Традиционално Струшки вечери на поезијата, во рамките на циклусот „Поезија на пат“,  ја посетија Битола. Поетите го посетија археолошкиот локалитет Хераклеа и се запознаа со културното наследство на регионот.

Поетите Џон Матир, Јозеф Страка, Шимон Адаф, Саинжаргал Начин, Мортен Лангеланд  ги прочитаа своите стихови пред битолската публика во Центарот за Култура „Браќа Манаки“, а нивната поезијата ја читаше Емилија Сарфска, ги поздрави директорката Маја Андоновска Илијевски, логистика Менче Хаџи-Коста Милевска.

Целта на „Поезија на пат“ е афирмација и промоција на поезијата низ градовите во земјата, односно прослава на врвната светска поезија, преку учество на значајни поети. Воедно преку манифестацијата се придонесува и за анимација на публиката и запознавање со светската поезија.
Струшките вечери на поезијата завршуваат во недела кога ќе биде доделена и наградата „Златен венец“ на годинешниот лауреат, Адам Загаевски. На годинешната манифестација учествуваа 30 поети од 29 земји од светот и 50-тина поети од Македонија.

Автор на фотографиите: Диоген Хаџи-Коста Милевски

1 2 DSC_4760 DSC_4782 DSC_4787 DSC_4788 DSC_4795 DSC_4802 DSC_4806 DSC_4811 DSC_4814 DSC_4826 DSC_4839 bw DSC_4842 1 DSC_4842 DSC_4847 DSC_4855 DSC_4868 DSC_4874 DSC_4881 DSC_4888 DSC_4891 DSC_4899 DSC_4900 DSC_4902