Познатиот јапонски поет Макото Оока, добитникот на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1996 година, почина во средата на 5 април.

Макото Оока (роден на 16 февурари, 1931 во градот Мишима, Јапонија) e еден од најреномираните јапонски поети и литературни критичари кој во голема мера е заслужен за свртување на вниманието на западниот свет кон современата јапонска поезија.

Син на танка поет, Оока дипломирал на Универзитетот во Токио во 1953 година во областа на литературата и потоа работел како новинар и универзитетски професор.  Книгата со стихови Kioku to genzai (1956; Споменот и сегашноста), ја утврдува неговата репутација како поет. Особено е познат заради неговата критика, која е ги сочинува собраните есеи во томот Nihon shiika kikō (1978; Патувања низ јапонската поезија).

Длабоко вкоренет во класичната јапонска поезија и нејзината естетика, пишува танка уште од неговата младост, и под влијание на францускиот симболизам и францускатата поезија, Оока ги испреплетувa класичните јапонски сензибилитети и нијанси во модерната поезија, што резултира со стил кој е сензуален и интелектуалистички.

Макото Оока, кој е вклучен во значајни книжевни активности на полето на „зборовите“ како поет и критичар, и кој поседува длабоки аналитички моќи како историчар, дал голем придонес и дома и во странство за ширење на магијата на јапонскиот јазик. Во 1970 година Оока започнал да експериментира со поврзани стихови (ренга), каде неколку поети принесуваат стихови кон една песна. Тој ги проширил своите ренга експерименти кон поети од Западот исто така, и за време на осумдесеттите соработките со германски, француски, и американски поет биле објавени во бројни антологии. Тој го оживеал методот на прозводство на традиционалната група на ренга и ренку, што е и еден од основните принципи на поетското творештво во древна Јапонија, во контекст на современата поезија. Неговите експерименти ги нарекува ренши (поврзани стихови), и со со помош на овие единствени експерименти тој го привлече вниманието на странските поети и изучувачи на современите јапонски студии. Под негово водство, во неговите ренши активности, ќе учествуваат поети од сите делови на Европа и Америка,  создавајќи поезија преку преведувачи. Се чини дека денес ренши се втемелува во сите држави ширум светот. Неговите безрезервни напори кон развој на поврзаните стихови (ренши) разменети со светски поети и литерати , првиот експеримент од овој вид кој некогаш бил направен, кој служел за освојување на нови хоризонти за културна размена и меѓународна размена во полето на литературата, и како резултат од тоа тој добива значајно реноме на „културен пратеник“ на јапонската култура и литература.

Преводите на поезијата на Оока се собрани и објавени на англиски јазик во книгите Жица околу есента (1982) и Елегија и Благослов (1991). Боите на поезијата : Есеи со класичен јапонски стих (1991) содржи осум есеи напишани од Оока за јапонската поезија. Англискиот превод Антологијата на поетот била објавена во 1993 година.

Покрај тоа што бил плоден поет и литературен критичар, Макото Оока бил и директор на Јапонската асоцијација на уметниците, од 1974 година, Претседател на здружението на современи јапонски поети во периодот од 1979-81, професор на Националниот универзитет ликовни уметности и музика во Токио од 1988-94. Тој исто така бил и Претседател на ПЕН клубот во Јапонија (1989-94) и член на Јапонската академија на уметностите.

Добитник е на бројни награди за неговите многубројни книги поезија, критика, литературна историја, и литературна теорија во Јапонија и странство, меѓу кои и наградата „Златен венец’“ на Струшките вечери на поезијата во 1996 година.

Други позначајни награди се: Културната награда на општината Токио во 1993, Витез на уметноста и книжевноста (Франција) во 1993, наградата на Jапонската Aкадемија на уметноста  за поезија и критика во 1995, наградата Асахи во 1996, наградата „Златен венец’“ на Струшките вечери на поезијата во 1996 и Културната награда за заслуги во 1997, Националниот медал на Легија на честа во Франција во 2004 година итн.

 

Значајни изданија

Споменот и сегашноста (1956), Нејзината парфимирана плот (1971), Цртеж во перспектива посветен на летото (1972), За една девојка напролет (1978), Престолнината на водата (1981), Порака на водата од родната земја (1989) и др. Во 1978 во Токио излегоа неговите Собрани дела во 15 тома.

Автор е и на книгите:

Боите на поезијата: Есеи на класичниот јапонски стих (Санта Фе: Катидид Букс, 1991, коавтори: Томас Фитцимонс, Доналд Кин, Такако Ленто, Томас Ленто).

Антологја на поетот: Досегот на јапонската поезија (Санта Фе: Катидид Букс,1994. Превод на англиски – Џанин Бејхман)

Што мисли леталото : Поврзана песна од Макото Оока, Винг Тек Лум, Џозеф Стантон и Јин Јамасаки Тојама ( Маноа: Универзитет Хаваи Прес, 1994)

Поезијата и поетиката на древна Јапонија (Santa Fe: Katydid Books, 1997. Превод на англиски – Томас Фитцсимонс).

Во океанот на тишината (Париз: Voix d’encre, 1998. Превод од француски јазик – Доминик Палм).

Oriori no Uta: Песни за сите годишни времиња (Токио: Коданша Интернационал, 2000. Превод на англиски – Џанин Бејхман.)