Miladinov Brothers

Жири комисијата задолжена за доделување на наградата „ Браќа Миладиновци“ – за најдобра поетска книга издадена помеѓу две изданија на Струшките вечери на поезијата, од пристигнатите 34 пријавени автори на конкурсот, во потесна селекција ги смести следните поетски остварувања:

Лични податоци – Владимир Илиевски
Кожа – Наташа Сарџоска
Полнотија – Јован Стрезоски
Моите веди – Вера Чејковска
Поврзи ги точките – Николина Андова Шопова

Добитникот на наградата Браќа Миладиновци за 2014 жири комисијата ќе го соопшти на 23.08.2013 во 12:30 часот во Пијано Бар на Хотел Дрим.