Младата поетеса Андреа Коте (1984), иако со можеби мало животно искуство, веќе длабоко е навлезена во светот на поезијата. Присутна е во повеќе поетски антологии, во родната Колумбија, Мексико, Перу и Никарагва. Учесник е на неколку поетски фестивали во Јужна Америка и е коорганизатор на поетски фестивал во родниот град Баранкабермеха. Работи како доцент на литература на Андскиот универзитет. Добитик е на наградата “Мостови на Струга” за најдобра дебитантска книга во светот што ја доделуваат СВП и Унеско.

“Поезијата на Андреа Коте е поезија на култивирано и сензибилно авторско право. Таа е имагинативна и сугестивна, со сопствен оригинален лирски идентитет во кој е направена зрела рамнотежа меѓу традиционалниот и современиот израз на пеењето”, стои во соопштението на жирито  во состав: Матеја Матевски, член, Влада Урошевиќ, член на Европската поетска академија и Зоран Анчевски, претседател на Комисијата.

Тука може да прочитате интревју со поетесата.

Песни: