Антонија Новаковиќ е родена 1979 година во Загреб. Освен на наградата „Мостови“ (2008), добитничка е и на наградата за поети-дебитанти „Горан“ (2008), која се доделува во рамките на фестивалот „Горанова пролет“ во Хрватска. „Лесно ми е да бидам полоша“ е нејзина прва книга. Претходно нема објавувано. Живее и работи во Загреб.