Мануа Рима е родена 1975 година во Лувен, Белгија. Средно училиште и Факултет за економија и јазици завршила во родниот град. По дипломирањето во 1996 година, патува на Мартиник. По враќањето во Белгија работи во администрацијата на неколку мултинационални компании за телекоминикации. Потоа следуваат патувања по светот: во Египет 1997, Сенегал 1998 и во Русија, Бугарија и Романија 1999 и 2000. Во 2005 и 2006 Рима патува во Австралија и Нов Зеланд, збогатувајќи ја својата душа со ново искуство и спознанија за универзалните вредности на животот и човекот. Својата прва книга Букет човечност ја објавила во 2006 година на француски јазик.