Хосе Емилио Пачеко Берни се родил во Мексико Сити на 30 јуни 1939 година. Поет, раскажувач, есеист, новинар, преведувач и професор на факултет. Почнал да се истакнува уште кога бил многу млад како еден од главните припадници на таканаречената Средвековна генерација во родната земја. Студирал право и книжевност на Националниот автономен мексикански универзитет, каде што ги издал своите први книжевни текстови во студентски списанија. Потоа соработувал со прилогот Рамас Нуевас (Нови гранки) од списанието Естасионес (Годишни времиња), бил помошник уредник на Ревиста де ла универсидад де Мексико (Списанието од мексиканскиот универзитет) и главен уредник на прилогот Мексико ен ла Култура (Мексико во културата). Неговите седмични статии за списанието Просесо (Процес), кои излегуваа неколку децении, претставуваат еден од највозвишените примери за новинарство од областа на културата во Јужна Америка.

Биографија

[su_accordion]
[su_spoiler title=”Хосе Емилио Пачеко” style=”fancy”]

Тој бил истражувач од Катедрата за историски студии на Националниот институт по антропологија и историја, искуство од каде што потекнуваат неговите истакнати изданија, Мексиканска поезија на деветнаесеттиот век (1965) и Антологија на модернизмот, 1884-1921 (1978). Предавал на универзитетите во Мексико, Соединетите Американски Држави, Канада и Обединетото Кралство. Бил назначен за почесен доктор на универзитетите: Автономниот универзитет на Нов Леон (2009), Автономниот универзитет на Кампече (2010), Националниот автономен универзитет на Мексико (2010) како и добитник на наградата Алфонсо Рејес од Мексиканскиот институт (2011).

Бил член на Националниот универз%D
[/su_spoiler]
[/su_accordion]