Николина Андова е родена на 03.02.1978 година во Скопје. Дипломира на Катедрата за македонска и јужнословенска книжевност на универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Пишува поезија а нејзиното хаику е вклучено во антологијата на новиот македонски хаику бран. „Влезот е од другата страна“ е нејзина прва книга.