Струшките вечери на поезијата

и издавачката куќа Готен

Ве покануваат

на

Поетска вечер

со

Роман Кисјов (Бугарија) и Имануел Мифсуд (Малта)

гости на книжевната резиденција „Апсолутно модерен“

Струга,  23 септември во 20:00 часот

Спомен дом на Браќата Миладиновци

Кисјов и Мифсуд во Република Македонија престојуваат во текот на целиот месец септември со цел подобро да се запознаат со книжевната, интелектуалната и културната сцена и да остварат продлабочени и трајни контакти. Авторите посетуваат културни настани, организации и институции. Оваа поетска вечер е организирана во нивна чест од страна на Струшките вечери на поезијата и издавачката куќа Готен во рамките на серијата поетски читања низ Македонија.