Жири комисијата задолжена за доделување на наградата „ Браќа Миладиновци“ – за најдобра поетска книга издадена помеѓу две изданија на Струшките вечери на поезијата, од пристигнатите 34 пријавени автори на конкурсот, во потесна селекција ги смести следните поетски остварувања:
„Помнам“ од Ристо Ѓ. Јачев
„Кога ни гореше под нозете “ од Катица Ќулавкова
„Долго погребување на еден кловн“ од Винета Огненоска
„Исход “ од Јовица Тасевски – Етернијан
„Лоши песни“ од Братислав Ташкоски
Добитникот на наградата Браќа Миладиновци за 2013 жири комисијата ќе го соопшти на 23.08.2013 во 12:30 часот во прес центарот на Хотел Дрим.