Добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две изданија на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ за 2013 година е поетот Ристо Јачев. Наградата му е доделена за делото „Помнам“ од жири-комисијата во состав: Санде Стојчески – претседател, Џабир Ахмети, Лидија Капушевска-Дракулевска, Лорета Георгиевска-Јаковлевска и Блаже Миневски. Жири комисијата истакнува дека наградата му се доделува за „голема вистинска вредност на поезијата и на поетскиот јазик опфатени во неговата книга“.
Во најтесен круг за наградата годинава влегоа пет збирки поезија „Помнам“ од Ристо Јачев, „Кога ни гореше под нозете“ од Катица Ќулафкова, „Лоши песни“ од Братислав Ташковски, „Исход“ од Јовица Тасевски-Етернијан и „Долго патување на еден кловн“ на Винета Огненовска.