Струшките вечери на поезијата се вмрежија во Версополис, единствената европска поетска платформа, која е поддржана од програмата Креативна Европа на Европската унија, и која создава можности за откривање на европските поети.

Денес во Европа има извонредни млади поети кои пишуваат на сите јазици, но често остануваат непознати над

вор од границите на јазикот на кој пишуваат. Целта на Версополис е да го промени тоа, создавајќи единствена платформа, која ширум Европа ќе им даде на младите поети шанса да станат интернационално афирмирани.

Во текот на 2014 година 11 познати поетски фестивали од Европа неколку месеци вредно работеа на подготовките на првата и единствена литературна платформа во која е прифатена и поддржана од програмата Креативна Европа на Европската комисија. Со почетниот состанок на партнерите во рамките на платформата, кој се одржа на 8-ми и 9-ти Декември во Љубљана, заедно со проект-координаторот Белетрина Академик Прес,  која воедно е и организатор на Фестивалот на поезија и вино, ги договорија сите преостанати детали. Со тоа и официјално започна функционирањето на платформата ВЕРСОПОЛИС.

Струшките вечери на поезијата преку вмрежувањето во Версополис, заедно со другите партнери, ќе овозможи да бидат откриени и промовирани ширум европскиот простор поетите од помладата генерација, во тој контекст и македонските поети.

Во првата година Версополис, ќе го промовира творештвото на 55 поети, обединето под мотото „каде што живее поезијата“, заедно со 11-те поетски фестивали,  кое ќе бидат во улога на книжевни промотори и издавачи во европскиот книжевен простор. Платформата Версополис ги вклучува следните кижевни/поетски фестивали:

АРС ПОЕТИКА (ARS POETICA), Братислава, Словачка;
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ ЏЕНОВА (Genoa International Poetry Festival) Италија,
ЛИТФЕСТ- УМЕА ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ЛИТЕРАТУРЕН ФЕСТИВАЛ( ŮMEÅS INTERNATIONELLA LITTERATURFESTIVAL), Шведска;
ГРАДСКИ КУЛТУРЕН ИНСТИТУТ (INSTYTUT KULTURY MIEJSKIEJ (CITY CULTURE INSTITUTE), Полска;
ЛЕДБЕРИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ (LEDBURY POETRY FESTIVAL) Велика Британија;
СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА
(STRUGA POETRY EVENINGS), Македонија;
ДРУСКИНИНКАЈ ПОЕТСКА ЕСЕН (POETINIS DRUSKININKŲ RUDUO (DRUSKININKAI POETIC FALL)), Литванија;
ФЕЛИКС ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ (FELIX POETRY FESTIVALPoëziecentrum), Белгија;
ГОРАНОВАТА ПРОЛЕТ (GORANOVO PROLJEČE (GORAN’S SPRNG)), Хрватска;
ФЕСТИВАЛ ЛИТЕРАТУРА И ВИНО (LITERATURE & WINE FESTIVAL) Австрија;
ДЕНОВИ НА ПОЕЗИЈА И ВИНО – (DNEVI POEZIJE IN VINA (DAYS OF POETRY AND WINE)), Словенија.
Партнерите во Версополис на состанокот во Љубљана

Партнерите во Версополис на состанокот во Љубљана

Версополис ќе помогне авторите кои веќе се етаблирани во нивните матични земји да го распостранат своето поетско творештво надвор од границите, и како прва и најзначајна цел е да бидат промовирани европските поети и нивното творешво, и да биде создадена блиско поврзана поетска заедница.

На состанокот во Љубљана членовите на платформата ги определија и сите прецизни детали пред Версополис да ја пушти веб-страницата, во март 2015 година, и пред да биде промовирана во јавноста на првиот фестивал.

Повеќе за Версополис (Versopolis)

Поезијата е високо идивидуализиран индивидуализиран израз на човечката душа кој ја глорифицира разноликоста и оригиналноста; кој создава мостови помеѓу индивидуалците и општествата. Европската идеја која е базирана на почитување на индивидуалноста и во исто време тежнее да за квалитетна коегзистенција на сите индивидуи, треба да препознае во поезијата метафора и збир на сите тие напори.

ВЕРСОПОЛИС е сеевропски поетски проект на најзначајните поетски фестивали, кој го презентирајќи го најпрефинетото поетско творешво, понудувајќи го поблиску до публиката и преку соработката и низ заедничкото збогатување, додавајќи дополнителна вредност и ја поддржува основната Евроспка идеја.

Фокус

Ние сакаме да видиме дека не само потврдените и општоприфатените поети допираат во свеста на европските љубители на литературата, туку и гласовите на младите генерации кои допрва ќе бидат втемелени во европскиот простор треба исто така да добијат простор. Избраните автори ќе го здобијат вниманието преку настапите и преводите на нивните дела и преку дигиталната платформа.

Поврзување

Платформата ги вклучува познати европски поетски и литературни фестивали. Авторите циркулираат помеѓу фестивалите, презентирајќи се пред поетските ентузијасти и професионалци. Поврзувањето функционира во неколку насоки: помеѓу фестивалите, авторите, авторите и публиката, и помеѓу авторите и издавачите.

Зближување

Проектот произлегува од желбата да се допре до што поширока Европска публика, ставајќи ги во фокус особениот поетски јазик и посебните национални одлики и наследството на поканетите поети. Во стратегиите за промоција се користат современи и оригинални приоди во комуникација кои овозможуваат зближувањето на поетскиот јазик кон публиката, кој често знае да остане забарикадиран во академските кули од слонова коска. Интерактивната платформа ќе одигра важна улога во сето ова преку вклучување на постоечката, како и новата публика.

Создавање

Ги следиме мислењата, визиите и погледите на најшироко рамниште; насочени сме кон заедничките европски вредности, создавајќи нов, обединет европски поетски идентитет. Заедничката соработка помеѓу партнерите ќе создаде оригинална перспектива за успешна соработка на поетските фестивали во иднина.

eu_logo