По официјалниот почеток на поетската платформа Верополис, во декември 2014 година, светлото на денот го здогледа и веб-страницата на проектот www.versopolis.com , токму на време за Светскиот ден на поезијата (21 март 2015).

Во првите три месеци успеавме да ја пуштиме во употреба официјалната страница www.versopolis.com, каде сите информации за поетите учесници и фестивалите се собрани на еден комуникативен и прикладен начин. Еден од фестивалите – шведскиот Литфест – веќе се одржа и успешно беа презентирани пет поети кои ќе бидат се позначајни од четири европски земји и нивната преведена поезија. За сите поети ова беа нивните први преводи на шведски јазик.  Повеќе за Весополис настанот во Умеа можете да прочитате тука.

Како што може да се види Версополис успешно помага авторите веќе етаблирани во нивните земји да ја распостранат својата поезија преку границите, неговата прва и најважна цел е да бидат промовирани европските поети и нивното творештво во насока да биде создадена блиску поврзана поетска заедница.

Со пуштањето на веб-страницата зад нас и Светскиот ден на поезијата пред нас, се обраќаме  преку триесет европски поети, и поетски проучувачи и креатори на мислење кои одговорија на прашањата што ни значи поезијата на сите нас. Ова создаде интересен колаж од одговори и ижвпечатоци кои зборуваат на единаесет јазици од Европа за тоа како поезијата ги поврзува и придонесува за нашите животи.

Ве покануваме да го погледате видео-клипот тука:

WORLD POETRY DAY 2015

21 март е истовремено и ден на пролетта и Светски дена на поезијата. Во деновите кои претстојат овој триминутен клип ќе го видат членовите на Европскиот парламент, како и членовите на националните парлаенти од бројни евроспки земји кои учествуваат во платформата Версополис. Преку овој гест ќе покажат дека поезијата навистина е важна.

eu_logo