На денешната прес конференција беше објавена потесната листа на кандидати за наградата „Браќа Миладиновци“.

Жири комисијата, согласно постоечкиот Правилник, направи првичен избор од десет наслови што го приложуваме по азбучен ред според презимето на авторот:

  1. Катерина Гогова, Пад во немирна вода. Скопје: Дом на култура „Кочо Рацин“, 2018
  2. Митко Гогов, Скриено писмо. Скопје: Антолог, 2019
  3. Славе Ѓорѓо Димоски, Кумова слама. Скопје: Три, 2018
  4. Даница Ивановска Лепојевиќ, Пребивалишта. Скопје: Зига зага букс, 2019
  5. Јовица Ивановски, Човек. Скопје: Ј. Ивановски, 2019
  6. Марта Маркоска, Херојска еротска книга. Скопје: Матица Македонска, 2019
  7. Борче Панов, Глочка школка. Радовиш: Центар за култура „Ацо Караманов“, 2018
  8. Наташа Сарџоска, Крстна коска. Скопје: ПНВ Публикации, 2019
  9. Билјана Стојановска, Стан што се распаѓа. Скопје: Галикул, 2019
  10. Катица Ќулавкова, Мои страсти, мои страданија. Скопје: Три, 2019

 

Од овие десет книги, во втората фаза, беше направена селекција од пет книги и автори што ќе бидат претставени на Фестивалот и од кои ќе биде одбран добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“.

 

Во потесниот избор влегоа следните автори по азбучен ред според презимето:

  1. Митко Гогов, Скриено писмо. Скопје: Антолог, 2019
  2. Јовица Ивановски, Човек. Скопје: Ј. Ивановски, 2019
  3. Наташа Сарџоска, Крстна коска. Скопје: ПНВ Публикации, 2019
  4. Билјана Стојановска, Стан што се распаѓа. Скопје: Галикул, 2018
  5. Катица Ќулавкова, Мои страсти, мои страданија. Скопје: Три, 2019

Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ ќе биде прогласен во текот на фестивалот, на посебна прес-конференција.