Годинава Прилеп беше дел од 57 -то издание на Струшките вечери на поезијата. 4-ица поети од Бугарија, Данска, Романија и Сирија се претставија пред прилепчани на поетската вечер насловена како „Поезија на пат“, која се одржа на летната сцена во домот за култура „Марко Цепенков“. На поетската вечер беше претставена и поезијата на добитникот на „Златниот венец“ на СВП, поетот Адам Загајевски.
ВО ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ДЕЛ ОД ПОЕЗИЈАТА И ИЗЈАВИТЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО ПРИЛЕП:
Целта на „Поезија на пат“ е афирмација и промоција на поезијата низ градовите во земјата, односно прослава на врвната светска поезија, преку учество на значајни поети. Воедно преку манифестацијата се придонесува и за анимација на прилепската публика и запознавање со светската поезија.
Струшките Вечери на Поезијата завршуваат во недела кога ќе биде доделена и наградата „Златен венец“ на годинешниот лауреат, Адам Загаевски, а ќе бидат доделени и наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“. На годинешната манифестација учествуваа 30 поети од 29 земји од светот и 50-тина поети од Македонија.