“Ќе се онесвестев кога ја видов листата на добитници на наградата. Има легендарни поети, меѓу кои и неколку Нобеловци“ – рече лауреатот Загајевски.

Говорејќи за својата поезија којашто тесно е поврзана со клучната годинашна тема на фестивалот –егзилот, тој додаде: “Бев протеран кога имав 4 месеци, не се сеќавам на тој момент. Целиот мој живот е сеќавање на тоа што сум го изгубил заедно со другите што ги изгубија своите домови, села, градови. Кога ќе изгубите нешто на четири месеци значи дека кога ќе пораснете вие не сте дома. Тоа не е место што може да го наречете дом. Среќен сум што живеам во Краков, но моите пријатели забележуваат дека јас не сум роден таму. Домот е нешто што ви е дадено само еднаш“ – рече Загајевски.

DSC_0178Струшките вечери на поезијата ја преведоа и објавија поезијата на Загајевски на англиски, македонски и полски јазик, во капитално издание на 800 страници, најголемото до сега, посебно значајно за библиофилите.

Загајевски е вториот полски поет добитник на Златниот венец по Тадеуш Ружевиќ 1987 години.

Годинава Струшките вечери на поезијата имаат една сеопшта тема која го проникнува фестивалот, а тоа е егзилот и пишувањето во егзил истакна директорот на фестивалот Мите Стефоски.

„Оваа тема е присутна воопшто во историјата на книжевноста и во судбината на сите поети, од најстари времиња до денес.  Тоа ќе го чуеме и во поезијата на најстариот поет присутен тука, лауреатот до најмладиот учесник, кој има песна посветена на оваа тема. Егзилот е и сценографски концепт или визуелниот дел на фестивалот – потенцираше Стефоски и додаде:

DSC_0163„Ова е космополитски фестивал кој зборува на сите јазици. Поезијата се создава на мајчин јазик и ние го презентираме творештвото кое е е создадено на мајчин јазик, а со тоа овозможуваме поеизјата да стигне насекаде. Фестивалот е создаден од македонските писатели за зачувување на македонскиот јазик и афирмација на македонската книжевност, но тој не припаѓа само на Струга и Македонија, туку на целиот свет, и целокупата книжевност“ – рече Стефоски.

Во фоајето на хотоелот Дрим беше отворена изложба „Челични Мисли“  од Маја Танева.

Свеченото отворање е вечер во 20. 30 пред Домот на Поезијата во Струга со палење на фестивалскиот оган и читањето на антологиската „Т’га за југ“ на македонски и англиски јазик, по што следува традиционалното читање „Меридијани“ на сите поети учесници на фестивалот.

Годинава на Струшките вечери на поезијата гостувааат 30 поети од 29 земји, плакатот на фестивалот, дело на дизајнерот Лазар Трипков, со стихови од Адам Загајевски е направен на 27 јазика.