UNESCO_Logo

Конкурс
за интернационалната поетска награда
„Мостови на Струга“ 2018

Прослава на Светскиот ден на поезијата во соработка со УНЕСКО

Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО го распишаа конкурсот за интернационалната награда „Мостови на Струга“ 2018, за најдобра дебитантска книга од млад светски автор. Наградата „Мостови на Струга“ е востановена во 2003 година како дел од интензивната соработка со УНЕСКО, а по повод прославата на Светскиот ден на поезијата 21 март, со цел и на овој начин да се поттикне, промовира и афирмира поетското творетво како еден од најзначајните творечки духовни изрази на човештвото. Секоја година СВП и УНЕСКО заеднички го чествуваат овој ден, при што официјално се соопштуваат и промовираат добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“.

Досегашни добитници на наградата биле: Ангело В. Суарез (Филипини) 2004, Андреа Коте (Колумбија ) 2005, Маријана Гејде (Руска Федерација) 2006, Мануа Риме (Белгија) 2007, Антонија Новаковиќ (Хрватска) 2008, Усман Сарус (Сенегал) 2009, Сим Кера (Естонија) 2010, Хироши Таниучи (Јапонија) 2011, Франсоа-Ксавиер Мегр (Франција) 2012, Николина Андова Шопова (Македонија) 2013, Хари Ман (Велика Британија) 2014, Паула Бозалонго (Шпанија) 2015, Руна Светликова (Белгија) 2016 година и Горан Чолакхоџиќ (Хрватска) за 2017 година.
Конкурсот трае до 10 март 2017, до кога сите ракописи треба да пристигнат на адресата на Струшките вечери на поезијата, или во електронска форма, според пропозиците.

Услови за учество на конкурсот за наградата:
– Дебитантски книги на млади поети (под 35 години);
– Кандидатите треба да испратат 3 копии од книгата со која конкурираат на конкурсот како и најмалку 5 песни преведени на англиски јазик на адресата на Струшки вечери на поезијата (поштенски фах 109, 6330 Струга, Република Македонија, struga@svp.org.mk) или преку Националните комисии за УНЕСКО на државите членки.
– Крајниот рок за пристигнување на книгите на адресата на СВП е 10 март 2018. Апликацијата може да се поднесе и во електронска верзија на адресата на СВП: struga@svp.org.mk во електронски формат со информација за ISBN, а печатената верзија на книгата да пристигне на адресата на СВП најдоцна до крајниот рок на конкурсот.
– Националните комисии за УНЕСКО на државите членки се поканети да ги примат апликациите и за тоа да ги информираат Струшките вечери на поезијата;
– Наградата вклучува статуетка, паричен износ и објавување на книга на поетот –лауреат во превод на македонски јазик;
– Лауреатот ќе биде објавен на Светскиот ден на поезијата, 21 март 2017;
– Поетот–лауреат ќе биде поканет да учествува на изданието на Струшките вечери на поезијата во Струга истата година (22 – 28 aвгуст 2018), каде и ќе му биде врачена наградата на манифестацијата „Мостови“.

Струшки вечери на поезијата и УНЕСКО

Струшки вечери на поезијата

Ул. „Браќа Миладинвци“ бр.5
Поштенски фах 109
6330 Струга
Република Македонија
Тел. +389 46 786 270
struga@svp.org.mk
www.svp.org.mk