Нагрaдите како признание и како стимул за поетско творештво се востановени во 1963 година и тоа „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски автор, објавена меѓу два фестивали, три награди за најдобри песни прочитани за првпат за СВП, а во 1964 година е востановена и наградата на Радио Телевизија Скопје (РТС) за најдобра книга за деца објавена меѓу два фестивали.

Во 1970 година е востановена наградата Григор Прличев за најдобар препев на поезија од странски автор на македонски јазик. Во 1978 година оваа награда му се отстапи на Друштвото на литературните преведувачи од Македонија.