Интернационална поетска награда „Мостови на Струга“ 2014

Струшки вечери на поезијата
Промоција на Светскиот ден на поезијата во соработка со УНЕСКО

Услови за учество на конкурсот за наградата:

  • • Дебитантски книги на млади поети (под 35 години);
  • • Кандидатите треба да испратат 5 копии од книгата со која конкурираат на конкурсот како и најмалку 5 песни преведени на англиски јазик на адресата на Струшки вечери на поезијата (поштенски фах 109, 6330 Струга, Република Македонија, struga@svp.org.mk) или преку Националните комисии за УНЕСКО на државите членки.
  • • Крајниот рок за пристигнување на книгите на адресата на СВП е 28 февруари 2014. Апликацијата може да се поднесе и во електронска верзија на адресата на СВП: struga@svp.org.mk, при што книгатa треба да биде во електронски формат, а печатената верзија на книгата да пристигне на адресата на СВП најдоцна до 5 март 2014 година.
  • • Националните комисии за УНЕСКО на државите членки се поканети да ги примат апликациите и за тоа да ги информираат Струшките вечери на поезијата;
  • • Наградата вклучува статуетка, паричен износ и објавување на книга на поетот–лауреат во превод на македонски;
  • • Лауреатот ќе биде објавен на Светскиот ден на поезијата, 21 март 2014;
  • • Поетот–лауреат ќе биде поканет да учествува на изданието на Струшките вечери на поезијата во Струга истата година (крајот на aвгуст 2014), каде и ќе му биде врачена наградата на манифестацијата „Мостови“

UNESCO_Logo
logo

Струшки вечери на поезијата и УНЕСКО

Струшки вечери на поезијата
Поштенски фах 109
6330 Струга
Република Македонија
Тел. +389 46 786 270
struga@svp.org.mk
www.svp.org.mk