Овој човек,

кој пребега од Тбилиси –

каде снегот паѓаше додека чиповите
се монтираа на секоја жетва од нови мажи;

кој живееше цели две години

во визба во Париз;

кој дојде, во очај,

до хематитското добредојде,

до сјајот на небото и предградијата овде –

дише сега

со прередување

на топуските во неговите дробови:

седи, како череп со пламнати ноздри,

се обвиткува со кафеави гасови –

небаре сѐ што му останало е

да се убие себеси, дел по дел,

со неговиот лично сопствен оган –

откако ја преживеал

принудата на сите други пламени.

 

Превод: Елида Бахтијароска