И јас како повеќето имам направено
многу работи од кои се срамам
кога ќе си се вгледам во очите
Дребни нешта се што немаат никакво значење
за текот на светската историја
но ја длабат душата како сврдел
Пијавици закачени за мене
од кои ќе се куртулам на судниот ден
Еден детски грев кон возљубениот дедо
Самозаборавена прегратка на преполното шеталиште
Едно некажано Прости…
– стојат пред мене
со очи на непопустливи судии
Те молам, Господи не давај им
да стежнат премногу
на кантарот на свети Петар