девојчето
сега спие

нејзината силуета
е напуштена централа за енергија

неколку часа слобода
од сè она што лебди
низ постоењето

јас ќе седам сè додека грчењето
во нејзините прсти
не престане.

Превод од норвешки јазик Јасминка Марковска