Десет поети
најавени во програмата
читаат песни
за десетмmш слушатели можеби за сто
звучи симфонијата на јазиците:
украинскиот со еротски липтеш на волината
се веат ленените звуци на арапскиот
удира во градите во градите маршевиот ритам на германските барабани
капе како слуз цезерскиот тромбон на англискиот
а обоата го меле во својот стомак шпанскиот изговор
галанmиот саксофон на фраm.wскиот ја победува
сексуалната фантазија на дојдените девојки
нема диригент
и оркестарот по малку го губи ритамот
преводите-повеќе од лоши
бидејќи се работени набрзина
од организаторите
на кои секогаш им недостасува време
уште десет поети кои ќе читаат утре
ги слушаат оние десет кои ќе читаат денес
и се проѕеваат од умор
мислат на пиво и на локалните девојки
на кусат на валутата
на неколку поетеси кои дошле на овој фестивал
и со жалење констатираат дека векот на женската поезија
несопирливо се доближува до пензискиот
а, и за што, може да rmшува жената после климаксот
за жал младите ахматови*- силвии плат**- ани бландиани***
на фестивалот се упгге не ги покануваат
очигледно чекаат додека остарат
бидејќи во тоа има логика
во земјата каде се одржува фестивалот
е економска криза
затоа низ хотелот трчкаат бубашваби
а во рестораните не баш младите келнерки
не предизвикуваат посебни симпатии
поетите rи даруват на поетите своите книги
знаејќи дека никој никогаш нема да rи прочита
бидејќи не можат да се знаат сите јазици на светот
затоа овој ритуал потсетува
на разговор меѓу глуви и слепи
после уривањето на Вавилонската кула
ох, конечно чита последниот од денешната програма
наскоро ќе вечераме
и ќе можеме да зборуваме за поезијата
на која се палат овдешните слушатели
бидејќи сите ги решаваат економските проблеми
преку мобилни телефони
салата е се попразна
бидејќи некој излегува да пуши
некој да испие пиво
а некој да се одмори во хотелот
црната дупка на поезијата
се стеснува од бројот на песните
за да ја голтне
-тоа е најсмешно-
самата поезија
која однеодамна ги опслужува поетите
исто како не баш младите келнерки во ресторанот
кои одамна не се интересираат за мажи
формулата на поезијата
се пишува 10+ 10=0
како што тврдат математичарите нулата е најважниот број
во математичките пресметки
и нејзината црна дупка содржи таква енергија
и е во состојба да се гoлтнe самата себе
како митолошката ламја
која го гризе сопствениот опаш
и со обликот на своето тело создава магичен круг
од кој нема излез