Од светот на сцената
ми се насмевна глумецот
и не знаев
дали да ја прифатам насмевката
како препознавање
како поздрав упатен кон мене
во мојата внатрешна реалност
или како дел од претставата
во која јас сум само случајно
со некои други присутни
и немам ни лице
ни место