Би можела да бидам дива свиња

кога би сакала

и да се застрелам во чело

исто.

И никој

не би мислел ништо за тоа.

Некој

би се загрижил

да го извади оловото

од телото.

Да не случајно завршило

во забите

да не ги оштетило

образите

напладне.

 

Превод: Живко Грозданоски