На островот,
од Португалците наречен,
Елефанта,
нема слонови.
Има мајмуни
што скокаат околу туристите,
и се обидуваат да ќарат
или портокал,
или фотоапарат.
Но, во пештерата
подалеку од вревата
спокојно седи
камениот Шива
со трите лица на:
Создател, Чувар, Уништувач.
Очните капаци му се блажено
опуштени –
веќе тринаесет
или четиринаесет века
на создавање, чување, уништување.
Точно спроти еден
соседен остров,
сè уште безимен,
се наоѓа новоизградената
атомска централа.
Ако дремката
не му беше толку цврста,
ќе можеше да ѝ се восхитува
како на ќерка.
Таа дури и личи
на него
во држењето,
во спокојството,
исполнето со сила.
И покрај тоа што нема
ниту едно лице,
и потполно е слепа.