Од колку загатки се составува нашата сторија;
од колку магии, бродот со кој требаше
да се броди. Прекинатиот дијалог почнува: сонувам
време што не беше во сонот. Твоите траги
врз килимот ги ништат куќните сеништа, кругови
волшебни и огледала за да се бара твоето лице,
да се продолжи љубовна игра и да се даде името твое
на некоја ѕвезда. Во очекување, да во очекување маглата
да се стопи и занесот на твоите очи да дојде со сонцето.