Вчера највисокото дете

си стави камен

помеѓу забите

и започна да џвака.

Ѝ покажа на мајка си

што може да направи една уста

ако биде ставена на работ

и дека една уништена куќа

не е ништо освен уништена куќа.

Вчера сите највисоки деца

ги оставија непријателите да гладуваат

и набрзина им ги собраа играчките.

На мајките им ги покажаа

редот

и дисциплината на мртвите

потоа отрчаа да си ги измијат рацете

и да слушаат

вести

во форма на заспивалки.

 

 

Превод: Живко Грозданоски