Кроасаните од утрово

се малку бајати.

Весниците на масичката

се ко вентрилоквистички глад.

 

Камо визијата да не беше

нешто неповратно,

да можеше нашиот осет за минатото

да се продолжи потаму од појадокот.

 

Да се симнеме од секој плејбек,

кореографијата на интервјуата.

Наместо вистини болни ко тупаници, вистини ко

раширени дланки.

 

Насловите имаат шмек на разговор в лифт;

светот, една голема програма на предвидливи написи.

 

Веста која толку уверено ја читаат

е онаа за време на која

лупам компири.

 

Многу информации излегуваат од контрола.

 

Само вистината ќе ве направи

робови.

 

 

 

Превод: Никола Ѓелинчески