Го пиеше мајчиното млеко
Го јадеше телото на неговата сопруга
И ги гореше мозоците на своите чеда;
Сепак не умее да ја разбере својата осама.
Неговиот дом лока од дождот,
Неговиот имот алчно ги јаде камењата.
Секогаш ќе биде крал во неговата приказна,
Тоа е привилегија на ѕверовите тука долу.

 

Превод: Марија Крстевска