ете прочитав книга
скокнав преку замрзната бара
гризев јаболко
го поправив прслукот
викав гласно во шумата
ја запалив тревата
го загубив апетитот
го вртев глобусот
одев покрај автопатот
пиев домашна ракија
направив дупка во хулахопката
онанирав
се закачив себеси во плакарот
ја слушав истата музика повторно и повторно
се јавив дома без причина
ја удирав главата од ѕидот
избркав едно јато гулаби
пливав под вода
ги потчинив догмите
се качив на дрво
погледнав над градот
украдов нарциси
ти заѕвонив
и избегав

Превод од норвешки јазик Јасминка Марковска