Стварноста ѝ го зазеде просторот на поезијата.
Ја прегази реката
За чија непристапност
Зборуваа скапнатите пливачи.
На другиот брег се истражуваат
Елементи за опстанок.
Земјата ја губи тежината
Во очите на наследниците.
Околу огновите замреа разговорите.
Воздухот станува самогласка-проводник.
Водата лизга по несигурните дланки.
Заедно со трагите на соништата
Настанати пред да изнурнат
Во стварноста.
Превод: Никола Кукунеш