Магистралата
е затрупана од снег.
Сеедно, што ја нема.
Сеедно, што сме ја сонувале.
Се движиме бавно и тивко –
автомобил по автомобил –
како деца, што направиле беља.
Се надеваме дека магистралата
е под нас.
Едно побелено дрво отстрана
ни покажува
дека таму е полето.
На врвот од дрвото
застанала чавка.
Недопрена од снегот.
Нè чека да поминеме.
Луѓето секогаш
поминуваат.