Го избра патот за ноќниот предел.
Пустината таму е изработена од мраз
А ѕвездите умираат од здодевност.
Протегни ги рацете и копај,
Правта ќе ти биде леб,
Ќе ги голтнеш нашите солзи.
Сега оди, оди и не се враќај.
Ако ги чуеш ѕидовите како плачат,
Буквите на твоето име се врежуваат

 

Превод: Марија Крстевска