Кирибати е остров во средишниот дел од Тихиот Океан
кој се состои од 33 корални атоли и еден вулкански остров,
(Банаба) според напишаното на Википедија
отсекогаш сакав да напишам нешто за тој остров
можеби песна со наслов: Замислено патување до Кирибати
но Кирибати веќе не е Иднината
од 2011 година тоа е последното место на планетата
што го врти календарот
а било првото
и сè што сакав беше да сум еден ден пред животот
да отпатувам до Кирибати на денот од мојата смрт за да не умрам
за да сум првиот што ќе ѝ рече те сакам на жена на Нова година
да отпатувам во иднината за да го најдам детето во кое живеев до вчера
и да ги чувам како во торба со џамлии
тие дополнителни 24 саати за да правам што си сакам
Кирибати одненадеж одлучил да стане минато
и сега веќе не ми се оди во Кирибати

Превод од шпански јазик Никола Ѓелинчески