Преку песот, преку мачката,
преку кротките сардели на прозорецот
човек го влече овој свет кон себе
ја обвиткува со него туѓата смисла
како со шал
и почнува да верува
дека и тој е оттука,
дека никогаш
не пристигнал
сам и гол, тресејќи се
од некакви пространства, од каде
одамна тука
не се преселило ништо.