според Мајкл Лонгли
Монети под новата куќа
Пред да поставиш уште еден камен
одџеби ги сите сребрени монети
и закопај ги во темелниците,
видело во помрачената празнина,
доволно добри да бидат разменети за пари-среќа,
светло пред врата, ситно на јазик.
Лек
Трагајќи по лек тргни на патешествие
до граничните води меѓу двата окрузи,
и штом ќе стапнеш отаде вратата
ниту збор со човек или поп или папа
само истрајно оди по патот до знакот за висока плима,
моли се, моли се, моли се и наполни си го шишето за дома.
Куќа карши еден стар пат
Кога градевме на ритчето
со старото право за поминување и јас плачев
врз креветот цела ноќ –
се сеќаваш –
долгата парада гласови долу
крај вратата и тој пат
целосно неизодени во светлоста.
Светлечката болздина
За среќа, запали едно парче болздина
надвор од новата куќа и следи го
огнот на вечерното сонце,
ритчето ти ги чади рацете и лицето,
за нектарот на вресот и земјата да
се првите гости пред твојата врата.
Превод: Горјан Костоски