(според „Летот на чучулигата“
на Воган Вилијамс)
Моментот кога чучулигата конечно исчезнува
во раскриленото зелено шумско небо
е моментот во кој ти ненадејно ги креваш
над твоето тело помодрените раце,
како да сакаш да ми го покажеш помрачувањето на крилјата,
или крилото, или сезоната на твојот сон.
И како што раката ти тоне во тишина
врз твоите гради, и здивот ти станува
сè послаб, веќе ти ги гледам стапалата
како си го спремаат првиот чекор под чаршафот
дур последните ноти сончевина се стишуваат,
и веќе не мрдаш. Ах, сонувачу мој,
дал си птица која воскреснува сред летно поле?
Дали летот на чучулигата го чу,
еден дух сред срце-срамежливите песни?
Да. И јас ја чув чучулигата кај бега.
Превод: Горјан Костоски