Штрбни ми од белиот облак шеќерна волна
и намами ме со нејзината леплива сладост
Не знаеш ли –
Дете сум што лесно далдисува
по шарените залагалки на животот
И зад мене
и пред мене
бела книга
неиспишана
Само овој ден го имам
Само овој миг
го љубам
и стихот што се цеди од него
низ иглените уши на времето