На Рамноденица
Луѓето се преправаат во дрво
Примамуваат во нивните лисје
Птици без лице.

Кривулестиот поток
Ги влече кон бреговите
Своите сеќавања за снегот.

Шумските дрвја
Поцрвенеа со првиот летен ден.

Луѓето од градот
Рекоа дека тоа е ’рѓа
Што ветрот ја носи од Јапонија.

Но не знаат дека
Дрвјата во оваа долина
Нивните најдлабоки таинствени корења
Удрија во живи камења
Кои почнаа да сонуваат
Дека ветрот и дождот
Ќе ги однесат голи на глината
На рамноденица.

 

Превод: Марија Крстевска