На училиште

девојчињата

се стројат

според висината

на лактите.

Такво е новото правило.

Мајките

на излезот

ги полнат со камења

торбичките за пазарење

и ги кријат

сметките помеѓу усните.

Сите си имаат број

кој го одредува раѓањето,

кој разликува „соодветно раѓање“

и она „на соодветно растојание“.

Дома

девојчињата голтаат вода

и сонуваат

силни лакти

за премостување

како во војна.

Кој ќе преживее

ќе ужина,

другите со трчање до тоалет

да размислуваат

на поразот.

 

 

Превод: Живко Грозданоски