Некој до мене чита книга напишана на кинески
зборовите му паѓаат како дожд врз рацете
а отворените дланки се полнат со вода
небаре рацете црпат од некоја река
човекот до мене пие вода од една книга
и лицето му се осветлува како на светец
што ли пишува таму штом без да ја прочитам
можам да ѝ ја сетам влажноста
што книга ќе беше
што зборовите не бегаат од страницата како во моите
може тоа што таму ќе се прочита не се заборава
и останува во сеќавањето со години
како река која се крева и потоа заврнува
тоа ветре од водата што паднала врз твоите дланки
да не е поезијата?

Превод од шпански јазик Никола Ѓелинчески