И велиш дека светот се смалил.

И дека зборуваат оние кои се

Скарани со зборовите.

И дека сега е сѐ што никогаш не било.

И дека недостојните луѓе се

Замешале во достојните намери,

Доволни за со нив да се поминат

Денови и години.

И дека сонцето се лади, а земјата се затоплува.

И опстанокот станал ветување

Во кое веруваат слабите духови.

Водата зовре и тргна

Да се прелева преку утврдените брегови,

А од нејзините бранови не изнурна

Ни божица, ни нимфа, ни девојка што се капе.

И велиш дека се крева звукот,

Се чинеше едвај чуен,

Денес веќе тресок каков што не се слушнал

Откако здивна Големата преселба.

 

Превод: Никола Кукунеш