Китс, Брамс и Сезан се уметници чии дела се гест на чесност, на добрина кон планетата, но кои исто така сфатиле дека нивната уметност не може да спаси ништо. Си замислувам како се собрале, поразени, за да ловат риба на река близу Сиднеј.
ПИЈАНИЦИТЕ
Китс би отишол. И Брамс. И Пол Сезан.
Од сите неверојатни чудаци кои ги исфрлило
спарувањето на одамна изумрените видови.
Тројцата се возеле надолу барем еднаш месечно –
часови надвор од Сиднеј – за да седат крај бараката
на Хокзбери, да тргнат неколку во тишина, и да уживаат
на попладневното сонце. Не за да помогнат –
никој од нив не можеше да помогне: ама да си ја споделат
болката. Ако сте се грижеле за животот на планетава –
а сѐ што сте можеле да сторите било да ги понудите нештата
за кои сте се грижеле за сурогат живот, би можеле
да барате спас исто така. Нивната добрина не водеше ама баш никаде.
Без разлика колку беа вешти – или колку остроумно им
беше вниманието – светот само им се провлекуваше
низ прсти. Уметноста според која
некој малечок бездомник можеше да се спаси
остана заглавена во светот.
Зошто сите не би се собрале заедно – да разговараат
за фудбал, или да си разменуваат совети, да плетат прикаски
за места што ги виделе, или би сакале да ги посетат?
Каква беше оваа добрина и кое ѝ беше местото
на планетава?
Ладно пиво, ветрот во честакот –
додека црните сојки ги ловеа јајцата на помали птици,
земјата се движеше накај север,
сонцето вриеше и завиваше во тишините,
исфрлајќи го сметот од својата огнена математика.
Превод: Елида Бахтијароска