Би почнала со нејзината густина. Со киселоста, со ПХ вредноста.

Чекори исто ко жена:
меѓу масакрот на невидливото
и концентрациониот камп на видливоста.

Татне со стил и сјај,
гостопримлив еп.

Во песната јазикот
наидува на своите глуви уши,
во неа зборовите го прошируваат
својот круг на пријатели.

Азбуката мора да се мастурбира
дури да избрбори нешта
навидум неповрзани.

Менувач за брзини на говорот,
гестови од друг ред.
Насмевката на комарецот во килибарот.

Не дека не разбираш арапски.
Не ја разбираш

поезијата.

 

Превод: Никола Ѓелинчески