Не ја зачував

Последната фотографија со татко ми.

Седевме во неговиот автомобил,

И јас молчев,

Тој зборуваше дишејќи тешко,

Во борба за воздух.

Од фотографијата остана

Само линија светло,

Иако таа ми е поважна

Од зачуваните фотографии.

Но се сеќавам

Дека гледав право напред,

Со широко отворени очи,

Како да го видов

Она што доаѓа.

Она што веќе дојде

И се смести меѓу нас,

Во светложолтиот автомобил на татко ми.

 

 

 

Превод: Никола Кукунеш